Ревизорскиот извештај утврди бројни системски слабости во Кривичен суд – нема евиденција за одземени парични средства и скапоцености
Отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 % од бруто домашниот производ на Буџетот, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3% од БДП, односно извршено е намалување на одобрениот Буџет за Судска власт за износ од 89.906 илјади денари.
Ова се дел од клучните утврдени состојби дадени во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) од страна на Државниот завод за ревизија.
ДЗР во извештајот во клучните состојби посочува и на различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, предизвикува дилеми и неможност за постапување поради што е неопходно усогласување на истите. Се укажува и на тоа дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и на неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.
– Во делот на внатрешните контроли укажуваме дека не е донесена процедура за движење на документацијата и не е воспоставен систем за следење и контрола на сметководствената документација со јасно дефинирани и разграничени надлежности и одговорности – се вели во ревизорскиот извештај.
Државниот завод за ревизија во објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје се осврнува и на системски слабости, меѓу кои отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на правото на користење на старата зграда на судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција поради неизвршено примопредавање на истите.
Понатаму, се вели дека пописот не e спроведен согласно законската регулатива, ненавремено евидентирање на обврски, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите. Во ревизорскиот извештај стои дека Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење.
– Евиденција на судски депозити кои не се гаранции туку уплати по друг основ за кои судот нема податоци за основ на истите, како и отсуство на податоци за статусот на предметите на судските депозити, завршени /незавршени, се наведува во ревизорскиот извештај од ДЗР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…
Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…
Постапката е запрена поради сменети искази на…