Револтирани граѓани реагираат: Во Прилеп скоро 100 денари за 1 кг. банани – што е ова!?

t

Празничните денови во Прилеп и прилепско направија да скокнат цените на пазарот, и по прилепските маркети. Голем број на револтирани граѓани се обратија до СТАНИЦА.МК, се со цел да го искажат својот револт во однос на високите цени на овошјето (со исклучок на портокалите).

На градскиот пазар во Прилеп и поголемите прилепски маркети, цената за 1 килограм банани изнесува од 95 до 105 денари – посебно за оние посвежите, што навистина создаде револт кај прилепските граѓани.

Инаку бананите се најзастапените овошки низ светот, па така и во Македонија присутни на пазарот се скоро во сите годишни времиња, доста се корисни за човековото здравје, меѓутоа за прв пат достигнуваат цена од 95 до 105 денари за килограм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…