Револуционерен потег: За првпат човек доби бубрег од генетски модифицирана свиња
62-годишниот Ричард Слејман, кој боледувал од краен стадиум на бубрежна болест, стана првиот човек кој добил нов бубрег од генетски модифицирана свиња, тврдат лекарите од Општата болница во Масачусетс во Бостон.
Четиричасовната операција на трансплантација, извршена на 16 март, „означува голема пресвртница во потрагата за обезбедување полесно достапни органи за пациентите“, се вели во соопштението на болницата, пренесе Ројтерс.
Лекарите од Општата болница во Масачусетс изјавија за Њујорк Тајмс дека изгледа дека новиот бубрег на Слејман е функционален и дека може да ја запре дијализата, пишува Форбс.
Бубрегот го обезбеди eGenesis од Кембриџ, Масачусетс, а Слејман добро закрепнува и се очекува наскоро да биде отпуштен, иако лекарите ќе го следат за да се уверат дека нема знаци на отфрлање на органот, соопшти болницата.
„Го гледав тоа не само како начин да ми помогне, туку и како начин да им дадам надеж на илјадниците луѓе на кои им е потребна трансплантација за да преживеат“, рече Слејман во изјавата објавена од болницата, пренесуваат медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина пациентот на кој за прв пат…
Првиот пациент во светот на кој му…
Револуционерен потег: За првпат човек доби бубрег…
62-годишниот Ричард Слејман, кој боледувал од краен…
Кинезите развија човечки бубрег од свински ембриони
Научници од институт во кинескиот град Гуангжу…
(Видео) „Ми ги одзедоа свињите здрави, да…
Нашите читатели од селото Бигла, Делчевско ни…
Бубрези добија 16 пациенти, петмина срце, а…
Минатата година во земјава се направени девет…