Револуционерната гарда: Иран нема да го отвори Ормускиот Теснец и покрај заканите на Трамп
Иран нема да дозволи пловидба низ Ормускиот Теснец и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска поранешниот командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) Мохсен Резаи.
„Без Америка да си замине од Персискиот Залив и воспоставување контрола врз Ормускиот Теснец од регионалните земји и Оман, безбедноста не може да се постигне“, рече Резаи, пренесе Скај њуз.
Тој рече дека Иран ќе размисли за завршување на војната само кога ќе добие компензација од САД и 100 проценти гаранции за иднината, што е невозможно без САД да го напуштат Персискиот Залив.
Иран извезува 90 проценти од својата нафта преку постројки на островот Харг, на североистокот од Персискиот Залив.
Американскиот претседател изјави дека ќе ја преиспита својата одлука да ја поштеди нафтената инфраструктура на островот Харг од напад ако Иран продолжи да го попречува преминувањето на бродовите низ клучен нафтен пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Револуционерната гарда: Иран нема да го отвори…
Иран нема да дозволи пловидба низ Ормускиот…
Тошковски: Македонија и институциите покажаa исклучителна професионална…
Според министерот за внатрешни Панче Тошковски, Македонија…
Солзите што протекоа во Кочани станаа бол…
Во присуство на семејствата, роднините, пријателите и…
ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: 19-годишно момче пронајдено мртво…
Голема трагедија ја потресе Битола откако 19-годишно…
Вучиќ со мрачно предупредување: Кога Русија ќе…
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека Србија…