Регистрирани 542 нови случаи на Ковид-19 во текот на изминатото деноноќие – животот го загубија седум лица

t

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 280, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1. Регистрирани сe 298 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Битола – 19, Прилеп – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 8, Штип, Ресен и Гостивар – по 7, Охрид и Гевгелија – по 6, Крива Паланка и Богданци – по 4, Кочани, Македонски Брод и Берово – по 3, Кичево, Неготино, Радовиш и Демир Хисар – по 2, Тетово Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (57г, 64г и 81г), две починати лица од Битола (46г и 80г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г).

Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Направени се 5.990 тестови преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-259, Биотек-313, Систина-84, лабораторија Лаор-373, Синлаб-43, Ремедика-6, Плодност-63, Генеа-158, Никоб лаб-509, ВФВ Медикал-101, Ели Медика-130, Ројал Медика–56, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–31, Жан Митрев Струмица–11, Нова Лаб Дијагностика–16, Ремус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.874.

Досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, бројот на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…