Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе соопшти колку ќе поскапи и парното греење

t

Откако вчера го разгледа барањето на БЕГ за цената на топлинската енергија, РКЕ се очекува денеска да соопшти колку ќе поскапи парното. Според Бислимоски, ќе се бара начин да нема драстично зголемување на цената, бидејќи тоа би довело корисниците на парно да се исклучат од системот и за греење ќе почнат да користат електрична енергија.

– Повикувам на солидарност на сите чинители. Набавната цена на природниот гас во делот каде купува БЕГ по цена на берзи е околу 1480 долари за метар кубен. Ова е набавка за јануари и е за речиси шест пати повисоко од просекот во 2021 година кога изнесуваше 240 долари за метар кубен. Тоа што го мислев за електричната енергија, го мислам и за топлинската – дека драстично поскапување на парното не е решение зашто голем број потрошувачи ќе се исклучат од системот и ќе почнат да користат електрична енергија за греење. Во комуникација сме со Владата и мислам дека ќе наидеме на разбирање, но го повикувам и одговорните во Град Скопје и општините во Градот активно да се вклучат и ако е потребно да обезбедат соодветни субвенции за потрошувачите Очекувам да излезат во пресрет, истакна Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ во интервју за МИА пред две недели информира дека Комисијата може да влијае само на 37,2 отсто од крајната цена на електричната енергија и дека зголемувањето од 13,6 отсто на цената на електричната енергија што ќе ја продава ЕСМ на ЕВН Хоум влијае со околу 4,5 проценти на  крајната цена што ќе ја плаќаат купувачите по 1 јануари.

– Ако влијанието на ЕСМ во минатата одлука за цената на струјата што ја донесовме на 1 јули годинава е 34 проценти, тоа значи дека влијанието ќе биде околу 4,5 проценти на крајната цена што ќе се плаќа по 1 јануари. За најмалку толкав процент фактички мора да поскапи струјата. Ќе видиме како тоа ќе го истераме и со трошоците за обновливи извори на енергија и со трошоците од увоз. Но, тоа што го побарал ЕСМ значи минимум зголемување на цената од 4,5 проценти. Другите трошоци ќе ги детализираме во следните неколку дена, порачува Бислимоски и додава дека РКЕ од 2019 година не ја утврдува цената по која ЕСМ ја продава струјата.

Кон средината на месецов ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година за цена од 41 евро за мегават час, што е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година кога изнесуваше 36,1 евро за мегават час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РКЕ утре ќе донесе одлука за цената…

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…