Регулаторна и денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.
– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде на сила од вечерва на полноќ, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Нови цени на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Ново поскапување на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
(Фото) Да не ве лажат! Цените во…
Цените во регионот се драстично помали во…
Мицкоски нема информации дека цените пораснале
Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување…