Редици и во Србија за донирање на крв за повредените во кочанската трагедија

Голем број српски граѓани се одзвале на повикот на, меѓу другите, студентите во Србија на социјалните мрежи за доброволно дарување крв за лекување на пациентите од Македонија. Како што информираат српските медиуми, се чека во редици пред тамошниот Завод за трансфузија.
Мирјана Кнежевиќ од институтот изјавила дека од утрово има голема гужва и дека околу 120 луѓе веќе доброволно дарувале крв.
„Веројатно во ред чекаат уште 50-60 луѓе, што е навистина голем одѕив. Вчера во салата даруваа крв околу 250 луѓе, а на други локации беа собрани над 500 единици крв, што е уште еден доказ дека сме солидарни луѓе и дека кога ќе се случат трагедии веднаш реагираме“, истакнала Кнежевиќ.
Информациите од институтот се дека резервите на крв во моментов се стабилни, дека ги имаат на располагање сите крвни групи, а приоритет се пациентите од Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Редици и во Србија за донирање на…
Голем број српски граѓани се одзвале на…
Илјадници луѓе во Софија со митута молк…
Илјадници синоќа со едноминутно молчење во Софија…
Покана за семејствата погодени од трагедијата во…
Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на…
Македонија во црно – Денес ќе бидат…
Македонија продолжува да бара правда за 59-те…
Тројца луѓе вечерва загинаа во страотен судир…
Тројца луѓе загинаа вечерва во сообраќајна несреќа…