Режимот во Мициленд, за само неколку дена испорача две опасни тези

t

Режимот во Мициленд, за само неколку дена испорача две опасни тези. Првата околу леснотијата со која се најавуваат владини повереници наместо градоначалници, и втората, за мене поопасна за “ревидирање”, читај укинување на бадинтеровиот начин на гласање во Собрание. Првата теза не е и нешто ново, зошто тие се навикнати, сите одлуки градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да се носат централизирано до максимум.

Втората теза е крајно опасна, и не треба да е тема само за партиите од етничките заедници, туку и за сите потписници, секако оние кои веруваме во соживот, заеднички развој и успех на Македонија. Тезата, денес доби нова поопасна димензија, после одговорот на портпаролот на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ: “подетални информации за тоа прашање треба да побараат во Министерството за правда”, што иако може да се толкува како оградување на партијата од ставовите на сопартиецот министер, сепак се префрла одговорот кон владин ресор, значи како дел од некоја владина политика, од влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ.
П.С. Борбата со режимот се гледа и како се гласа во Собрание…
ФБ став на Јани Макрадули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Режимот во Мициленд, за само неколку дена…

Режимот во Мициленд, за само неколку дена…

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе…

Предвремените претседателски избори во Република Српска најверојатно…

Предложен притвор за насилство на фудбалски натпревар…

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна…

Каков е тој просек од 45.468 денари…

По објавувањето на просечната нето-плата за јуни…

Два пожари се активни, два се под…

На ден 25.08.2025 година, на територијата на…