Реза Пахлави побара од Израел и САД да не ја напаѓаат иранската цивилна инфраструктура
Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, денес ги замоли Израел и САД да ја поштедат цивилната инфраструктура во Иран.
„Ги замолувам претседателот Трамп и премиерот Нетанјаху да продолжат да го напаѓаат режимот и неговиот репресивен апарат, а воедно да ја поштедат цивилната инфраструктура што ќе им биде потребна на Иранците за да ја обноват нашата земја“, напиша Реза Пахлави, протераниот син на последниот ирански шах, на платформата „Икс“.
Трамп се закани во саботата навечер дека нуклеарните објекти и електраните на Иран ќе бидат уништени ако Ормутскиот теснец не биде повторно отворен во рок од 48 часа.
Командата на здружените сили на Иран денес изјави дека доколку се остварат заканите на САД за напад врз иранските електрани, Ормутскиот теснец ќе биде целосно затворен и нема да се отвори повторно додека не се обноват електраните.
Во недела наутро, иранскиот министер за енергетика, Абас Ал-Џабади, изјави дека клучната водоводна и електрична инфраструктура на земјата претрпела голема штета: „Терористичките и сајбер нападите од страна на САД и ционистичкиот режим беа насочени кон десетици постројки за пренос и пречистување на вода, уништувајќи делови од клучните мрежи за водоснабдување“, рече Ал-Џабади.
Како одговор на новите закани на Трамп, иранската војска денес повторно се закани дека ќе нападне енергетска инфраструктура и постројки за десалинизација во регионот. Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди изјави за државната телевизија дека Иран им наплаќа на некои бродови 2 милиони долари за да го преминат теснецот, објави „Би-би-си“.
Нападите на САД и Израел врз Иран започнаа на 28 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реза Пахлави побара од Израел и САД…
Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави,…
Македониумот во Крушево ќе се заштитува од…
До лето треба да се реши опасното…
НОВ СЛУЧАЈ НА СЕМЈЕНО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА:…
Семејното насилство во Македонија повторно излезе на…
Moже ли нафтата да стигне до 200…
До пред еден месец, секој аналитичар кој…
Нетанјаху повика на глобална коалиција против Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес повика на…