Рекорден број на мигранти за еден ден го преминаа Ламанш кон Велика Британија
Повеќе од 880 нерегуларни мигранти го преминаа Ламанш до Велика Британија со мали чамци во вторникот, соопшти денеска владата на Велика Британија, што е најголем број во еден ден досега оваа година, пишува Дејли Мејл.
Информацијата е во време кога политичките партии во Британија се борат за општите избори на 4 јули на кои имиграцијата е едно од главните прашања.
Актуелниот премиер Риши Сунак вети дека ќе ги „запре чамците“, но се соочи со пречки за неговиот план да ги депортира барателите на азил во Руанда.
Според привремените бројки на Министерството за внатрешни работи,вчера преминале 882 луѓе и вкупниот број за 2024 година е 12.313.
Бројката годинава е за 18 отсто поголема од лани кога беа регистрирани 10.472 луѓе
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…
Human Rights Watch со апел до ЕУ…
Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…