Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор во Македонија
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со значителен пад на бројот на работници, кој во текот на оваа година е намален за 14%, според анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, пренесува МИА. Ова е најголемиот пад на вработени во последните 15 години, а главната причина, според Димитров, е економската криза во Германија, која директно влијае на македонските текстилни компании поради нивната тесна поврзаност со овој пазар.
„Бројот на вработени достигна историски минимум од помалку од 30.000 лица. Додека состојбата во Германија не се стабилизира, а нивните граѓани не се ослободат од стравот од воени и економски закани, очекувам состојбата следната година да се влоши уште повеќе,“ изјави Димитров. Тој додава дека излезот од кризата го гледа во крајот на војната во Украина и во заживувањето на германската економија.
Инвестиции и перспективи за текстилната индустрија
Димитров истакнува дека кредитите од унгарскиот заем можат да бидат стимул за економијата, особено во делот на инвестициите. Компаниите кои произведуваат работна облека би можеле да ги искористат овие поволности, додека фирмите кои шијат во системот на лонг и се ориентирани кон модната индустрија се соочуваат со намален обем на нарачки.
„Каматните стапки за кредитите се поволни, а компаниите од одредени сегменти, како производството на репроматеријали или работна облека, можат да ги искористат овие можности. Сметам дека како идеја, оваа мерка е одлична,“ додава тој.
Економско-социјален совет со фокус на клучни прашања
Економско-социјалниот совет се очекува да се одржи на почетокот на декември. Покрај точката за минималната плата, која е иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија, бизнис секторот ќе бара на дневен ред да се стават и други прашања, како прочистување на списокот на невработени, законски измени за пензионерите кои сакаат да работат и ревизија на потрошувачката кошничка.
Димитров смета дека ако потрошувачката кошничка ја објавува Државниот завод за статистика, наместо други извори, таа би била попрецизна и заснована на меѓународно прифатени критериуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…
130 години од основањето на Македонската Револуционерна…
Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври…