Ременски го подбра Пендаровски: ПРЕТСЕДАТЕЛЕ КОЈ ЕКСПЕРТ ПО САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ЌЕ ВИ ГО ПРОВЕРИ ТЕЛЕФОНОТ?
Со прашањето: ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ КОЈ ЕКСПЕРТ ПО САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ЌЕ ВИ ГО ПРОВЕРИ ТЕЛЕФОНОТ?”, екс пратеничката и професорка Фросина Ременски му се обраќа на шефот на државата од кого бара да се грижи за безбедноста на граѓаните поради опасност од фирми кои имаат шпионски софтвер во Македонија.
Ременски е професорка на факултетот за безбедност а нејзиниот сопруг Јовче Ременски е шеф на секторот во АНБ за Тероризам и насилен екстремизам.
,,Нема да се извинувам за директното обраќање кон претседателот Пендаровски. Како еден од најинформираните функционери во државата има право и обврска да се грижи за безбедноста на граѓаните и институциите. Го покажал тоа многу пати до сега, се надевам и сега ќе ја сфати загриженоста која не е лична-моја, туку е јавна – национална, регионална, европска и поширока.
Без грам јавен, медиумски и институционален одговор и внимание поминува тежок проблем за шпионажа за која наголемо се зборува во Европскиот Парламент. Се формираат истражувачки одбори во европските институции, се подготвуваат посебни извештаи, се реферира, се поставуваат прашања за Македонија, се скенираат злоупотреби на шпионски софтвери Пегасус и Предатор создадени од страна на македонско-израелска фирма која ги тресе безбедносните и правни системи на земјите од Европа и пошироко…, а кај нас молк и дневна доза на веќе видени вести.
Додека читаме и странските медиуми известуваат дека во Грција се разрешуваат функционери, се прават полициски рации во фирми и домови на поранешни израелски воени разузнавачи за шпоинско инфицирање на телефони на советници за национална безбедност и национална одбрана, на министри, на новинари, бизнисмени итн., нашите институции не сакаат или не се обидуваат да погледнат точни и лесно проверливи факти за македонските учесници, нивната поврзаност со овој европски проблем и како извезуваме алатка за масовна шпионажа.
Поранешните воени разузнавачи сигурно од Грција нема да пребегаат кај нас како Неџби и Христо. Но, факт е дека од 2017 година се присутни тука како инструктори, управители и акционери во македонски фирми на еден млад стартап милионер кој по примерот на Ексико управува фирми за кои освен една-две адреси нема никаква друга информација.
Лесно проверлив е милионскиот годишен обрт, неплатените милионски суми на даноци од добивка, присуството на должнички списоци, релации итн.
Зарем не е лесно да се провери тоа што може да се дознае само од “гугл”…, така ли претседателе Пендаровски?
Претседателот Пендаровски за почеток нека го даде на форензичка анализа за потрага по Пегасус или Предатор неговиот телефонски апарат кај некој експерт за сајбер безбедност, а потоа истото нека го направат членовите на неговиот кабинет. Кога ќе добијат резултат, нека споделат информација со јавноста и со надлежните и нека кажат каде можат да се обратат заинтересираните за иста форензичка проверка.
За оваа форензичка проверка “гугл” не помага, освен за информации кои одамна требаше да го кренат алармот кај сите, (не)опиени од вино …, пардон шпионски софтвери.
Сите заинтересирани ќе чекаме да слушнеме што има ново од овој европски скен и дали Европа ќе почне да не’ скенира и за ова иновација – homemade softwere.
Ако услов кај нас, да се зборува јавно за овој очигледен проблем е да се детектира шпионски софтвер во телефонски апарат на некој битен, тогаш ајде нека тргне таа форензика од претседателот Пендаровски, за да можеме да ја видиме шпионската “сфера на интерес” кај нас.
Кога ЕУ амбасадорот Гир бара акција, тој сигурно мисли и на извештајот од Пегас-одборот во ЕП за шпионирање со софтвери made by Cytrox, Sajgnet, Sintellexa, Intellexa која и да е (иста) фирма.
Ќе молам Бога да не сум во право за дел од кажаното, но ќе си го задржам правото да им верувам на моите очи и уши – “Мил си ми Платоне, ама помила ми е вистината”, пишува Ременски во обраќањето до Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…