Ременски: Заборавот е извор на сите зла, независно кој за кои цели го промовира
Заборавот е извор на сите зла, потенцираше Фросина Ременски во нејзината објава на Фејсбук.
“На денешен ден пред 10 години во весниците Дневник и Вест (17.08.2012) излезе некролог од “македонските почитувачи” на Рудолф Хес, помошникот на Хитлер
Едно мото на нео-нацистичките групи вели: “Оставете ги да заборават …, така полесно ќе ги победиме и ќе завладееме пак”
“Заборавот е извор на сите зла” независно кој и за кои цели го промовира.
Па така, ако си ги заборавите целите за кои сте ги воделе битките, жртвите што сте ги дале за вредностите кои сте сакале да си ги одбраните …, злото ќе се врати во секаква и многу пософистицирана форма.
“Ако на тој пат на заборавот, напријателите против кои сте се бореле почнат да ви станат подраги од борците и соборците со кои сте војувале, крајот ви е неминовен – нема кој повеќе да се бори против злото, против заборавот и за вас”
Вака зборуваше Визентал (ловецот на нацисти), така зборувам и јас …”, напиша Ременски.