Ременски: Мафијата не е непобедлива! Ама требаат судии и обвинители со интегритет
“МАФИЈАТА НЕ Е НЕПОБЕДЛИВА”![]()
Tака говореа италијанските судии Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Беа убиени со тони експлозив од раката на Сицилијанската мафија “Коза ностра”![]()
![]()
Борселино го убија нa УТРЕШЕН ДЕН 19.07.1992 година во Палермо со автомобил-бомба – само 57 дена по убиството на Џовани Фалконе.![]()
![]()
![]()
Калабрискиот анти-мафија судија НИКОЛА ГРАТЕРИ во моментот (од јануари 2021) го води најголемиот судски процес по три децении, против шефот, членовите и соработниците на Калабриската мафија “Ндрангета”![]()
![]()
350 обвинети – членови на мафијата, политичари, обвинители, државни службеници, банкари, адвокати, бизнисмени, за перење пари, трговија со дрога, убиства, лихварство, изнуди, корупција![]()
![]()
Европол “Ндрангета” ја оценува за најопасна мафија, а вкупниот годишен приход на мафијата го оценува на ![]()
милијарди евра годишно![]()
Приходот доаѓа од перење пари од шверц на дрога (кокаин, марихуана), оружје, трговија со луѓе ..
Парите од овој “бизнис” мафијата ги “инвестира” во земји од Европа – преку градежништво (хотели, апартмани за домување), ресторани, барови, спорт, игри на среќа, ИТ услуги, енергетика, фабрики, житни комбинати и фирми за преработка на храна и отпад.
Навидум легални бизниси со сомнителен инвестирачки капитал …![]()
Судијата Гратери на почетокот на судењето истакна дека, Ковид 19 на мафиите и’ донел дупла заработувачка во трговијата и преземањето на бизниси со медицински материјал во Италија и Европа, што во Италија заврши со големи апсења на менаџери на медицински компании и Ковид 19 регионални координатори во екот на пандемијата ![]()
ГРАТЕРИ стравува дека сите помали бизниси во Италија можат да бидат преземени од “Ндрангета” затоа што во борбата за опстанок на малите бизниси мафиите најмногу профитираат и купуваат уддели во трговски друштва, фирми, компании, банки и управувачки одбори![]()
![]()
ГРАТЕРИ и неговото семејство 3 децении живее под полициска заштита, но вели дека е “свесен на жртвата и придонесот за својот народ под тортура на мафијата”. Вели дека како дете сведочел на мртви луѓе по улици и полиња убиени од мафијата, учел со синови и ќерки на мафијаши кои биле третирани како мали шефови во училиштата. Од тие години сфатил и решил дека мора да и’ помогне на Италија и тоа го прави денес во срцето на Италија ![]()
![]()
Пред 21 години во Палермо беше донесена Конвенцијата на ОН за борба против организираниот криминал – во срцето на најдобро организираниот правосуден систем за борба против мафијата![]()
![]()
“Ндрангета”, “Коза Ностра” и “Камора” имаст свои инсталации и членови во цел свет и во Европа. На ова судење претходеа координурани полициски акции во Италија, Шпанија, Франција, Германија, Холандија, Бугарија ….
![]()
Италијанските аналитичари велат дека секоја земја која нема да се приклучи кон оваа глобална акција ќе биде пид сериозна опсервација и ќе трпи подледици – економски, политички, финасиски. Стравуваат дека политичките линкови на членовите на мафиите и нивните бизниси ќе испрарат во “политичка пензија” многу политичари. За пример го наведуваат сенаторот од партијата на Берлускони кој бил член на “Ндрангета”, но и многу други кои умешно се кријат и биваат избрани од шефовите на мафиите …
ГРАТЕРИ вели:
“Можеме да ги затвориме, но ако не ги искорениме причините зошто тие постојат, тие само ќе се размножуваат”![]()
Затоа, антимафија идеологијата како наставна содржина се изучува во сите училишта во Италија како задолжителен предмет![]()
Мафијата е победлива со обвинители и судии со интегритет
* Фејсбук статус на Форсина Ременски. – <a href="http://<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ff.remenski%2Fposts%2Fpfbid02fYjM9YgerUqYeYGGkHS9DSJEFAARSYQJrn44JpCairnt4aYEEakpXxvjWAze4tyEl&show_text=true&width=500" width="500" height="1749" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share">ЛИНК