Објавено на:

Републиканците подготвија нацрт-закон за почнување разговори за купување на Гренланд

t

Републикански сојузници на Доналд Трамп се обидуваат да добијат поширока поддршка за нацрт-закон за почнување разговори за купување на Гренланд. Нацрт-законот е наречен „Да го направиме Гренланд повторно голем“, кажаа од канцелариите на конгресмените Енди Оглс и Дијана Харшбаргер. За нацрт-законот претходно извести „Фокс њуз“ и до вчера тој добил десетмина коспонзори меѓу републиканските конгресмени.

Трамп кажа дека сака да го направи Гренланд дел од САД и не ја исклучува можноста за употреба на воена или економска сила за да го оствари тоа. Ако нацрт-законот помине во двата дома на Конгресот, каде што републиканците имаат мнозинство, тоа ќе му овозможи на Трамп да почне преговори со Данска од 20 јануари, кога тој се враќа во Белата куќа.

„Почнувајќи од 20 јануари, Конгресот го овластува претседателот да бара почнување разговори со Кралството Данска за да се обезбеди купување на Гренланд од страна на САД. Не повеќе од пет дена од постигнување договор со Кралството Данска во врска со купувањето на Гренланд, претседателот ќе го пренесе договорот до соодветните комисии во Конгресот“, стои во нацрт-законот.

Данска го контролира најголемиот остров на светот со векови, денес како полусуверена територија. Тој е вклучен во данскиот устав, па секоја промена на неговиот правен статус ќе бара и уставни измени. Властите на Данска и Гренланд се децидни дека островот не е на продажба.

Премиерот Муте Егеде вчера изјави дека Гренланд сака да соработува со САД на одбраната и на ископувањето минерални суровини. Истовремено, Данска рече дека е подготвена да работи со Гренланд за продолжување на разговорите со Трамп „за да се обезбедат легитимни американски интереси на Арктикот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Републиканците подготвија нацрт-закон за почнување разговори за…

Републикански сојузници на Доналд Трамп се обидуваат…

Бајден: САД победуваат во глобалната конкуренција

Американскиот претседател Џо Бајден во заминување, во…

Грчката амбасадорка ќе го посети македонското Собрание

Амбасадорката на Грција во земјава Софија Филипиду…

Трамп: Многу скоро ќе се сретнам со…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во…

На Попова Шапка е формирана снежна покривка…