Објавено на:

Ресурсите на Украина се речиси исцрпени, вели Сергеј Шојгу

t

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека ресурсите на украинската армија се речиси исцрпени, во време кога Киев од јуни води исцрпувачка контраофанзива за да ги врати териториите окупирани од Москва.

Шојгу уверува дека Киев не постигнува никакви резултати и покрај целосната поддршка на Западот. Тој тврди дека воената кампања во Украина, како што ја нарекува војната иницирана од Москва, започната пред речиси година и пол, се покажала како сериозен тест за руската армија, но и дека Русија успеала значително да го зголеми своето производство на оклопни возила. Што се однесува до западното оружје доставено во Киев, Шојгу рече дека тоа не е ништо посебно за руските војници.

– Подготвени сме да ги споделиме нашите оценки за слабите точки на западната опрема, изјави денеска рускиот министер пред собранието на меѓународните воени претставници.

Тој, исто така, им се заблагодари на руските војници, за кои рече дека се борат на бојното поле против неонацистите, повторувајќи ја реториката на Кремљ дека офанзивата во Украина има за цел да го собори неонацистичкиот режим.

На Московската меѓународна безбедносна конференција, организирана од руската војска и одржана во близина на главниот град, официјално има повеќе од 800 гости од 76 земји, но не и од западните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…