Речете дека не се држава: Косово формира безбедносно-разузнавачка агенција
Владата на Косово на денешната седница го усвои Предлог-законот за Одбранбено-разузнавачко-безбедносна агенција.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека овој предлог закон е основата врз која ќе се гради воената разузнавачка служба, пренесува Бета повикувајќи се на Газета Блиц.
Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај изјави дека овој закон ги дефинира мисијата, организацијата, овластувањата и должностите на Одбранбено-разузнавачко-безбедносната агенција (АМИС).
„АМИС ги спроведува своите активности внатре и надвор од територијата на Република Косово со цел да ја поддржи мисијата на Министерството за одбрана и Косовските безбедносни сили“, рече Мехај.
Тој додаде дека „полето на дејствување се протега и во земјата, но со посебен акцент се занимава со откривање и контрадетекција на заканите кои доаѓаат надвор од државата“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…