,,Решен откупот на ориз”
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е решен откупот на ориз.
-Решен откупот на ориз! По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите. Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе ги добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година. Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите!, пишува Мицкоски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди…
Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…
Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…
Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Хактан: Дали Македонија е унитарна држава?
*Објава на Фејсбук на пратеникот од Левица,…
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да…