Објавено на:

Рељиќ и Ефтимов по настапот во Париз: Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија

t

Maкедонската таеквондистка Милјана Рељиќ деби настапот на Олимписките игри го заврши со пораз во четвртфиналето од Либанката, Аун.

Претходно Рељиќ успеа да ја победи двократната олимписка шампионка Џејд Џонс која и на овој турнир пристигна како една од најголемите фаворитки.

По настапот во Париз, Рељиќ ги сподели импресиите од турнирот и истакна задоволство од постигнатото.

„Сè уште сум под импресии од настапот, ги завршив борбите. Во првата битка се сретнав со двократната олимписка шампионка, но влегов храбро и сконцентрирано и немав никаков стрес и притисок од нејзините успеси. Со тренерот смисливме добра техника и на крајот победивме. Во втората борба за жал доживеав тесен пораз. Борбата беше израмнета, но ми фалеше и малку спортска среќа. Се надевам дека тука нема да застанам, туку ќе продолжам кон нови спортски успеси“, изјави Рељиќ.

Задоволен од настапот е и тренерот Александар Ефтимов.

„Дадовме сè од себе во најдобро светло да ја претставиме Македонија и со успех се враќаме од Олимписките игри. Во првата борба се боревме со нашиот идол Џонс, успеавме да ја победиме иако таа имаше поголемо искуство од нас.

Штета што во втората борба одлучуваа нијанси и загубивме тесно на патот кон полуфинале. Но, таков е спортот, ние дадовме сè од себе. Не освоивме медал, но според она што го гледам кај медиумите и народот ја обединивме Македонија“, порача Ефтимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…