Реџепи: Да не се лажеме, преговори ќе почнеме ама не сега
Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зејд во вечерашното гостување во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 изрази сомневање дека земјава конечно ќе ги започне преговорите со Европската Унија.
Тој рече дека за тоа е потребен огромен притисок врз Бугарија кој според него нема да се случи во брзо време.
Сепак додаде дека европската перспектива на земјата е сигурна и дека тој процес со сигурност ќе започне.
Што се однесува до безбедносната ситуација со оглед на украинската криза тој рече дека сме „во сигурни раце“.
„Сигурноста на земјата не е доведена во прашање заради тоа што ние сме веќе членка на НАТО“, додаде тој.
Извор: ТВ 21