Реџепи: Од реализација на владината програма ќе зависи моето понатамошно делување

t

Одлуката не беше лесна, но беше неминовна. Вака пратеникот Скендер Реџепи-Зејди за „Фокус“ ја коментира својата одлука да ја напушти пратеничката група на Алтернатива и да делува како независен пратеник.

Јас чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување, вели Реџепи за „Фокус“.

Во однос на нашето прашање дали како независен пратеник ќе остане дел од владејачкото мнозинство, Реџепи вели дека верува дека Владата има капацитет да ја реализира програмата.

Верувам дека Владата има се уште време и капацитет да ја реализира програмата со која станавме дел од мнозинството, и согласно реализираното од оваа програма (или пак нереализираното) ќе биде и моето понатамошно делување како мнозинство, заклучува Реџепи.

Завчера, пратеникот го информираше Собранието дека ќе делува како независен пратеник, а претходно не присуствуваше на Конгресот на Алтернатива. Јавно искажа критички ставови кон лидерот Африм Гаши и предупреди дека ако продолжи вака, партијата ќе заврши како ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ