Објавено на:

Ристовски: Даниел Димевски се прецени, треба добро да го знае човекот кого го напаѓа

t

Борко Ристовски на прес-конференција говореше за суспензијата што му беше изречена од Дисциплинската Комисија на МОК, за која долгогодишниот македонски репрезентативец јасно стави до знаење дека нема намера да се жали бидејќи не ја смета за валидна казната што му беше изречена.

Воедно, голманот на Вардар најави дека е решен за долга борба со првиот човек на МОК, Даниел Димевски.

„Верувам дека од денеска ќе се сврти нов лист во македонскиот спорт. Сите знаевме дека позади еден човек стојат повеќе сомнителни ситуации, јас тоа го кажав директно, би рекол македонски, но сега на оваа прес-конференција ќе го демонстрирам тоа на еден поинаков начин, со докази за криминал што потоа ќе го решат одговорните структури во власта. Оваа казна се базира на страв и на немоќ, не е правно издржана. Димевски можеби мисли дека со оваа казна ќе ме одврати од намерата да го завршам она што сум го почнал. Човекот кој знае дека има многу индиции за сторен криминал, по едно мое ТВ гостување во кое кажав она што го имав да го кажам, одлучи да се затскрива зад МОК, доведувајќи ја оваа институција во подредена ситуација. Тој можеше да се реши за тужба за клевета, за таму да докажувам дали сум во право или не, но тој не го стори тоа и се реши за една ваква суспензија. Не сакам да поднесувам жалба бидејќи со тоа би дал правен легитимитет на постапката, тоа е интерна казна која тие можат да си ја даваат на било кого. Тоа е моја интерна борба, за да се тргнат ваквите луѓе од спортот. Мислам дека Даниел Димевски се прецени, треба добро да го знае човекот кого го напаѓа. Јас го направив тоа, но тој се реши за банална дисциплинска казна, можеби мислеше дека ќе ме замолчи, но само ми даде сила да излезам со сите документи. Не знам со кого Димевски си имал работа досега, но јас се познавам себе и нема да се откажам од намерата него да го нема повеќе во македонскиот спорт“, изјави Ристовски.

Адвокатот на Борко Ристовски, Гого Анастасијевиќ, потенцираше дека суспензијата не е правно издржана.

„Ретерирањето на претседателот на Дисциплинската Комисија на МОК само ја потврдува специфичната тежина на одлуката за суспензија на Ристовски. Ова е типичен пример на одлука која има единствена цел да го заплаши и да го одврати од намерите за своето постапување, за потоа да биде одвратен од натамошно информирање на јавноста. Ова е исклучително интерна одлука, која не го спречува Борко Ристовски од натамошно бавење со ракомет “, изјави Гого Анастасијевиќ.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/944110173295393

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…