Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав зошто македонскиот народ така ја губи државотворноста во Македонија
Погубна е реториката „народот на Македонија” наместо „македонски народ” и „Македонија на сите луѓе”, наместо „Македонија на Македонците”
„Денеска сакаме да упатиме една сериозна порака до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за претседател Гордана Сиљановска Давкова за граѓански устав на Македонија. Ќе морам да говорам како професор на политички науки, граѓанскиот устав е еден од најпогубните концепти кои што воопшто можат да се појават на политичката сцена. Зошто го говорам ова? Бугарија и Грција одамна имаат развиено концепт на нација. Нацијата е политичка категорија. Македонија никогаш не успеала да го изгради концептот на нација како политичка категорија. Зошто? Затоа што македонскиот народ како етнос се поистоветува со поимот македонската нација и со името на државата Македонија. Тоа албанската етничка заедничка никогаш ниту го прифатила и ниту ќе го прифати. Оттука, ако во Македонија не можете да изградите концепт на нација како политичка категорија, тогаш единствено што ви останува е да го сочувате уставот на Македонија како држава на македонскиот народ. Македонскиот народ е државотворен народ во Македонија. Ако се изместиме од оската и влеземе во зоната на концептот на граѓанска држава, тогаш исчезнува државотворноста на македонскиот народ од татковината Македонија и да ви биде на сите јасно-во тој момент македонскиот народ ќе исчезне, стануваме едни од сите, и заедно со Власите и со Ромите нема да имаме сопствена држава, затоа што Македонија ќе стане Македонија на сите, тоа е и слоганот на ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија на сите луѓе”, рече Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија во општина Гази Баба.
„Оној момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја смени нивната категорија „Македонија на сите луѓе”, и оној момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја смени категоријата или експресијата, изразот „народот на Македонија” во „македонски народ” тогаш стануваме партнери во процесите”, рече тој.
„Затоа се обраќаме до македонската јавност, до македонското гласачко тело, дајте ни доверба на 8 мај, дајте ни глас да имаме пратеници во македонскиот парламент, да бидеме коректив, да бидеме балансер на црвените линии на македонското национално единство, на македонскиот национален, стратегиски интерес во македонскиот парламент, дајте ни ја таа доверба да можеме да вршиме притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, но и да ги охрабруваме да опстојат на ставот дека не смее да се менува Уставот под ниту една закана, диктат, уцени и притисоци од било кои екстремизми, дали од Софија, Атина, или од албанскиот екстремизам дома”.
ВМРО-ДПМНЕ во моментов според нашите сознанија е изложен на сериозен притисок и од меѓународната заедница, но и од ДУИ и од албанските екстремизми во албанската опозиција. Апетите растат сериозно, албанскиот екстремизам не мирува, тие се координираат меѓу себе,. ВМРО-ДПМНЕ ќе нема сила да опстои на македонскиот национален стратегиски интерес доколку ИНТЕРГА- македонска конзервативна партија како додадена вредност во Коалицијата „Храбро за Македонија” не е застапена во парламентот. Ако ни ја дадете довербата и влеземе во македонскиот парламент, храбро ќе се бориме до крај – за зачувување на македонскиот национален стратегиски интерес во татковината Македонија, за неменување на Уставот се додека не го решиме комплетниот идентитетски корпус, ова се македонскио црвени линии за коишто ние постојано говориме. Затоа ја бараме вашата поддршка, не само да вршиме притисок врз македонската политичка елита, но и да ги охрабруваме во од, да бидеме партнери во процесот, ако и тие стојат на македонските црвени линии, да ја сочуваме македонска Македонија, Македонија на Македонците, а не на сите луѓе, „македонски народ” а не „народот на Македонија”, рече Ристовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…