Ристовски: Сакаме нов успех, верувам дека можеме до добар резултат со Украина!
Македонскиот репрезентативен центарфор Милан Ристовски, братот на капитенот на националниот тим Стефан, посочи дека верува во нов успех на репрезентативата и добар резултат на Македонија во петок против Украина во првиот од двата меча во овој јунски термин од евроквалификациите во „групата на смртта“.
Македонија и Украина последен пат меѓусебе играа на Еуро 2020 во Букурешт кога загубивме со 1-2, а помладиот Ристовски беше дел од националниот тим на историскиот прв настап на големите натпреварувања, но потенцира дека сега ги очекува многу поразличен меч.
„Сите сме мотивирани кога сме во репрезентацијата, имаме одлична атмосфера и сакаме да направиме нов успех. Убеден сум дека заеднички ќе се бориме за тоа. Украина е силна селекција, со фудбалери кои играат во големи клубови, но ние играме дома, очекуваме поддршка од публиката и заедно верувам дека може да дојдеме до позитивен резултат. Со Украина игравме на Еуро 2020, но сега ова ќе биде поинаков меч. Иако, се разбира дека одредени анализи ќе искористиме од тој меѓусебен меч. Во оваа фаза на подготовките сѐ беше базирано на тактички работи, ја враќаме свежината и јас се надевам дека сите ќе одговориме на задачите на селекторот“, рече Ристовски.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…