Ристовски со поддршка за Никола Ѓуретановиќ: Главата горе и нека небото ти е лимит!

t

Министерот за спорт, Борко Ристовски, даде поддршка за македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ кој вчера ја претставуваше Македонија на олимписките игри во Париз.

– Македонија во Никола има пливачка надеж !! Неискуството,тремата и можеби недоволната грижа од страна на државата си го направија своето. Резултатот можеби не е најдобриот меѓутоа Македонија и ние како нација мораме да си ги чуваме и негуваме нашите претставници. Затоа Никола главата горе и нека небото ти е лимит !!! А јас те чекам по враќањето и лично да ти кажам дека јас и министерството секогаш ќе бидеме на страна на спортот и спортистите!!

Македонија и нејзините чеда се сакаат и кога победуваат и кога губат ! – напиша Ристовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…