Ристо Димитров – Успешен спортист и бизнисмен кој сега живее во Оман: Сум ја претставувал Македонија низ цел свет, не сум добил ни благодарам за возврат!

t

Ристо Димитров е македонски спортист, кикбоксер, роден на 31.08.1985 година во Битола, Р.Македонија, а од 2017 година живее и работи во Султанатот Оман.


– Со спорт активно се занимавам од мои 16 години, кога започнав да тренирам кикбокс и оттогаш ми се роди љубовта кон боречките спортови, за неколку години подоцна да почнам да се натпреварувам и во мешани боречки вештини (ММА), џудо, бразилско џиу-џитсу, борење и спортско и борбено самбо.
Како дел од мојата кариера како професионален мма борец сум настапувал на повеќе меѓународни турнири и сум бил дел од некои од најпрестижните светски промоции во тој спорт. Член сум на македонската репрезентација во спортско и борбено самбо и како дел од неа неколку пати сум ја претставувал Р.Македонија на светски првенства во многу силна конкуренција. – вели Димитров.


– Паралелно со развивањето на мојата професионална кариера, исто се развиваа и ММА и џудо клубот на кои сум основач и главен тренер. Низ годините, Џудо Клуб „Чурин“ и „Игор ММА“ со седиште во Битола забележаа значителни резултати на многубројни државни, балкански и интернационални натпревари и собири. Од сите мои настапи, борби и претставувања би сакал да издвојам неколку, а тоа се:

2013 година, Скопје – АDCC Macedonian Open, златен медал

2015 година, Мароко – Светско првенство во борбено самбо, прв
репрезентативен настап

2016 година, Бугарија – Светско првенство во борбено самбо

2016 година, Битола – шампионски појас на ISFA промоцијата

2016 година, Битола – Спортист на град Битола

2017 година, Грција – трет настап на Final Fight Championship, против
легендарниот Робин Ван Русмален

2017 година, Дубаи – Dubai International JiuJitsu Pro, златен медал

2018 година, Кувајт – Wawan Grapling Championship, златен медал

2019 година, Хрватска – шампионски појас на Baraber Fight Night

2023 година, Битола – специјално признание за посебен придонес во спортот,
доделено од Општински сојуз за спортови

2023 година, Ерменија – Светско првенство во борбено самбо – вели Димитров.
– Целото ова искуство и знаење ми овозможи сериозно да се занимавам со
професијата тренер во 2017, кога се приклучив на тимот на УФЦ во Мускат, Оман, а и
подоцна со сопствената компанија. Во текот на сите овие години, забележав
значителен придонес во развојот на боречките спортови во Оман, а воедно станав
партнер и нивни претставник во неколку интернационални боречки федерации. Целата напорна работа конечно вроди со плод минатата година кога се стекнав со
инвестициски статус и ја основав Димитров СПЦ, каде сум и генерален директор. – вели Димитров за Инфомакс.


Компанијата се занимава со повеќе дејности, меѓу кои увоз-извоз, консалтинг услуги и она по кое сме најпознати, се ексклузивни персонални тренинзи. Дел од клиентите вбројуваат членови на кралските семејства на Оман и Јордан, истакнати ликови од локалната политичка сцена, како министри и нивни блиски соработници, како и познати спортисти и олимпијци, за чија што општа физичка подготовка, кондиција и припреми пред важен настап се грижам токму јас. Иако релативно млада компанија, сепак за кратко време остваривме големи успеси и соработки, учествувавме на многу саеми и собири низ регионот, а во моментот работиме на неколку големи проекти за кои се надеваме дека набрзо ќе откриеме повеќе, вели Димитров.


– Во слободното време, рекреативно се занимавам и со трчање градски и ултра маратони, планински трки и трки во пустина, како и редовно учество на популарните Спартански трки. Имам освоено две Спартански трифекти (тоа е успешно завршување на сите три трки во еден циклус) и скоро дваесеттина медали од сите трки поединечно, на 5,10 и 21 километар, со 20, 25 и 30 пречки соодветно. Благодарение на вкавите резултати, во 2020 се квалификував и бев поканет да
учествувам на Светското првенство во Спарта, Грција, кое за жал не се одржа поради
пандемијата. Сум учестувал и успешно сум завршил десетина градски маратонски трки, како кај нас во Македонија, така и тука во Оман. Од нив, како најголем успех би сакал да ја издвојам успешно завршената „Химам Трејл Ран“ и истрчаните 110 километри на повеќе од 2000 метри надморска висина, како и учеството на минатогодишниот ултра маратон на Пелистер, кој ми е посебно драг затоа што e единствена таква трка кај нас и е токму во Битола, на Пелистер, открива тој.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристо Димитров – Успешен спортист и бизнисмен…

Ристо Димитров е македонски спортист, кикбоксер, роден…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…