РК Вардар пропаѓа, бизнисите и политиката пред спортот
Вардар, двократниот европски првак, веќе и како име е осуден на пропаст, не само како ФК сега веќе и како РК, односно репрезенти на Европа во фудбалската лига на Европа, 3 пати Ф4 во женска конкуренција, 2 пати освојувач во машка конкуренција во ракомет. И ете денес на прес-конференција на РК Вардар првиот човек на клубот Михајло Михајловски најави повлекување од клубот, но не веднаш – додека не дојде здрав човек да го води тимот.
Два часа пред да започне прес-конференцијата на првиот човек на РК Вардар 1961, со соопштение се огласи Давор Стојаноски, извршниот директор на клубот во ерата на Сергеј Самсоненко. Стојаноски вели дека поранешниот газда, Сергеј Самсоненко, со личен имот гарантирал дека на сите ќе им исплатат долговите, но дека светската криза поради пандемијата со коронавирусот го спречила да ги испочитува сите рокови. Истовремено, на тогашните предводници на вардарци им била ветена помош од 2,5 милиони евра од државата, која не била реализирана. Во продолжение, тој дел од вината префрла и на банките за доцнење на реализација на бараните кредити, а го напаѓа и ЕХФ дека сака на сметка на Вардар на мала врата во ЛШ да вметне екипи како Алборг, за кој игра еден од најдобрите ракометари на светот, Микел Хансен.
СООПШТЕНИЕТО НА ДАВОР СТОЈАНОСКИ ВО ЦЕЛОСТ:


Првиот човек на Вардар во овој момент пак, Михајло Михајловски на денешната прес-конфренција за разлика од Давор Стојаноски не сакаше да говори на тема Алборг, а исто така и додаде дека се двоуми дали да тужи, бидејќи луѓето во ЕХФ биле многу суетни, па можело да се случи следната сезона кога ќе треба, некоја македонска екипа повторно да добие компликации од ЕХФ. Исто како и соопштението на Давор Стојаноски, првиот човек на клубот призна дека не се испочитувани сите рокови во целост на плаќањето, но се ,,извади” со зборовите дека не добиле никакво предупредување од ЕХФ за можното сценаријо кое се случи.
Само да потсетиме дека Вардар и минатото лето имаше проблем со ЕХФ и играњето во Лигата на шампионите, но тогаш на двокраниот европски првак му беше ,,прогледано” низ прсти, па доби билет за учество во Лигата на шампионите. Е сега, ако навистина луѓето од ЕХФ се суетина – како и што кажа Михајловски на прес-конференцијата, тогаш се поставува прашањето зошто Вардар не ги запазил овие рокови во целост?
Првиот човек на клубот исто така обелодени дека по освојувањето на втората европска титула во 2019 година, тогашниот премиер Зоран Заев им ветил финансиска помош од 2,5 милиони евра за да се задржи истата екипа и Вардар да продолжи на истото ниво, но истата клубот не ја добил. Исто така потенцираше дека добил ветување од Градот Скопје, потоа Агенцијата за млади и спорт како и од Даниел Димевски, но за возврат Вардар добил празно ветување. Единствена награда која клубот ја добил за европската титула била од Градот Скопје, 500.000 евра, сума која не била доволна за да се исплатат ниту бонусите и наградите за играчите.
На крајот можеме само да му посакаме на големиот спортски бренд Вардар да се крене на здрави нозе и како некогаш, да тргне во нов поход на освојување на ракометна Европа. А за да дојде до тоа, треба да пристигнат во клубот вистински луѓе, луѓе кои ќе сакаат и пред се ќе знаат како се раководи со еден ракометен клуб на едно високо ниво.
Прес-конфренцијата на првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, погледнете ја во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…