Објавено на:

Роберт Хабек кандидат на Зелените за канцелар на Германија

t

Делегатите на германската Зелена партија денеска на партиската конференција во Визбаден со мнозинство гласови одлучија актуелниот министер за економија Роберт Хабек да биде нивни кандидат за канцелар на претстојните парламентарни избори, пренесе ДПА.

Хабек треба да ја води изборната кампања заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок.

Непосредно пред неговата номинација, Бербок го пофали Хабек како „супер прагматичен“, нагласувајќи дека тој го задржал курсот на Германија во време на криза како министер за економија и ја ослободил земјата од нејзината енергетска зависност од Русија.

Номинацијата на Хабек беше очекувана, имајќи предвид дека никој друг од партијата на Зелените не беше предложен како кандидат за канцелар.

Германија во моментов се подготвува за предвремени избори, кои се очекуваат во февруари, по минатонеделниот колапс на владината коалиција, откако канцеларо Олаф Шолц одлучи да ја исклучи од Владата партијата Слободни демократи и го разреши нејзиниот лидер Кристијан Линднер од функцијата министер за финансии по неколкумесечните расправии околу буџетот за 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Роберт Хабек кандидат на Зелените за канцелар…

Делегатите на германската Зелена партија денеска на…

Трамп може да биде претседател на Америка…

Баронот Вилијам Трамп, најмладиот син на новоизбраниот…

Самарас го исфрлија од партија

Поранешниот грчки премиер и министер за надворешни…

Дете тепало дете во Штип

Вчера во 21.10 часот во СВР Штип,…

Жена нападната и ограбена во Центар

На 16.11.2024 во 20:30 часот во СВР…