Објавено на:

Рогозин со воспитна: САД со рубли го платија летот на својот астронаут до МВС

t

Американската компанија „Аксиом” и платила на руската вселенска агенција Роскосмос во рубли за летот на нивниот астронаут Марк Ванде Хеј до Меѓународната вселенска станица (МВС), изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, за ТВ каналот „Русија 24″.

Според Рогозин, Роскосмос го добил средствата, но не директно од НАСА, туку од компанијата „Аксиом”, која се појавила како посредник.

Доцнеше точно еден месец, но сите средства беа уплатени во рубли, изјави Рогозин.

Според него, за време на организацијата на летот на Марк Хеј, НАСА сфатила дека е под притисок на американскиот Конгрес, па за посредник ја избрале приватната компанија „Axiom Space” и од нив го нарачала летот.

Компанијата „Аксиом”„ потоа го купила местото на рускиот брод.

Марк Ванде Хеј пристигна во МВС на 9 април 2021 година со ракетата Сојуз МС-18, заедно со руските космонаути Олег Новицки и Петро Дубров.

Новицки порано се врати на Земјата, додека Дубров и Хеј поминаа 355 дена во МВС и се вратија на 31 март 2022 година, поставувајќи рекорд за најдолг престој во орбитата како дел од мисијата МВС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…