Родителите на малиот монструм обвинети за тешко кривично дело!

t

Апелациониот суд во Белград го потврди обвинението против таткото и мајката на Коста К. кој на 3 мај годинава уби девет ученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

Владимир Кецмановиќ се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, додека неговата мајка Милијана Кецмановиќ се товари за недозволено изработување, држење и носење оружје и експлозивни материјали.

Покрај таткото и мајката на Коста К., обвинети се и сопственикот на стрелачкиот клуб “Партизан практикал шутинг“ во кој момчето учело да пука и инструкторот во тој клуб.

Родителите на децата од „Рибникар“ денеска повторно ја обоија таблата „училиште“ на улицата пред зградата во сива и симболично црвена боја, по неколкуте јалови барања до државните институции училиштето да стане меморијален центар.

Трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“, без преседан во поновата историја на Србија, предизвика бран граѓански протести, а десетици илјади луѓе изминатите месеци на улиците на Белград и градовите низ Србија побараа стоп за насилството, а политиката и медиумите да се зауздаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите пари од сметката на семејството Кецмановиќ…

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот…