Објавено на:

Родителите на убиените и повредените деца од „Рибникар“ ги тужат мајката и таткото на Коста

t

Родителите на убиените и повредени ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар подготвуваат тужби против таткото и мајката на момчето (13), кој го изврши масакрот во ова белградско училиште на 3 мај, дознава српскиот весник „Курир“.

Родителите на настраданите веќе ангажирале адвокати, кои подготвуваат приватни тужби.

Седмоодделенецот кобното утро на училиште дошол вооружен со пиштолите на татко му. При влегувањето во училишниот двор и кога заѕвонило ѕвончето за почеток на првиот час, тој најпрвин го застрелал училишниот чувар Драган.

Потоа убил девет ученици во училишниот ходник и кабинетот по историја, а ранил петмина меѓу кои и наставничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите пари од сметката на семејството Кецмановиќ…

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот…