Родителите на убиецот на Данка проговориле низ солзи! Еве што рекле за нивниот син
Мајката и таткото на Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) ги најдовме пред семејниот дом, пишува српски Информер.
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ се осомничени дека ја убиле Данка Илиќ (2) откако со автомобил ја прегазиле на 40 метри од дворот на куќата во која си играла со мајка си и братот. Тие се во притвор, а се очекува нивно сослушување. И родителите на Дејан се во неверување дека нивниот син е уапсен.
А мајката зборувала многу за себе, за нејзината здравствена состојба, велејќи и дека не може да поверува дека нејзиниот син го направил ова, и дека е добар син и дека е загрижена затоа што не се избањал, избричил и пресоблекол.
-Дејан е добар син, тој ми беше десна рака, затоа плачам. Дејан сакаше да испие една чашка – рекла мајката на Дејан.
Ја прашале и дали Дејан и спомнал нешто откако Данка исчезнала, а таа упорно на тоа прашање, како и на прашањето дали знае дека ја признал вината, зборувала:
– Ние ништо не знаеме.
Потоа таткото зборувал за своите синови и на прашањето дали може да поверува дека неговиот син е одговорен за убиството на Данка, тој рекол:
– Не верувам додека не ја видам истрагата – рекол таткото на Дејан Драгијевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…