Родители бараат второ полугодие со онлајн настава
Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од ФБ група со над 15 000 членови, за утре најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава.
Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства.
Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неделков откри: Кога учениците ќе започнат со…
Одговарајќи на новинарско прашање, претседателот на СОНК…
Седум начини како може да заработите преку…
Со развојот на технологија практично се „создадоа“…
Неделковски: Ако бројките одат нагоре, ќе бараме…
Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски во емисијата…
Децата ќе се ротираат, за да не…
Комисијата за заразни болести предложи наставата од…
Д-р Пановски: Распустот да се продолжи за…
Микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на…