Романија воведува задолжителен школски предмет „Историја на комунизмот“
Предметот „Историја на комунизмот во Романија“ ќе стане задолжителен за сите ученици во 12-ти и 13-ти клас (трета и четврта година од средното образование) од учебната година 2025-26, објавија властите.
„Носталгијата за комунистичките времиња често се должи на непознавање на историските факти“, изјави министерката за образование Лиџија Дека, додавајќи дека предметот ќе им помогне на младите „да стекнат подобро разбирање за демократските процеси“.
Новата програма беше претставена на настан кој одбележа 35 години од Романската револуција од 1989 година. Во кусите, но крвави немири, беа фатени и по брза постапка погубени долгогодишниот комунистички претседател на Романија, Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена.
Министерката појасни дека оваа дисциплина ќе ја изучуваат сите средношколци во Романија.
– Би додала дека сите ученици ќе се подложат на оваа дисциплина токму кога се приближува нивниот прв демократски глас, кога се приближува возраста кога станувате зрела личност и активен граѓанин, вклучително и преку демократскиот гест на гласање, нагласи министерката.
Таа учествуваше на настанот насловен „35 години од романската револуција во 1989 година: Одобрување на наставната програма за историјата на комунизмот во Романија“ што се одржа на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Букурешт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…