Романија купи авион кој може да предизвика дожд

t

Приватна романска компанија купила авион за правење дожд од една американска фирма, пишува сајтот „Зиаре“, истакнувајќи дека ова е прв пат да се случи во земјата. 

Технологијата „сеење на облаци“ се користеше и претходно во Романија, но со авиони позајмени од други земји, а сега за прв пат земјата ќе има свој авион за оваа намена, нагласува изданието.

Сребрениот јодид испрскан од авиони во облаците доведува до создавање на кондензација кои придонесуваат за формирање на капки дожд. 

Купувањето доаѓа во време кога Романија, како и голем број други земји во Европа, се соочува со се поекстремни летни горештини и подолги периоди на суша кои сериозно го погодуваат земјоделството, објавија локалните медиуми. 

Авионот Beechcraft King Air C90 беше купен половно од американската компанија Fargo Jet со помош на американскиот амбасадор, а неговата вредност изнесува 5 милиони долари.

Авионот може да лета до четири часа и да покрие околу 500.000 хектари земја, или околу 6 отсто од обработената површина во земјата. При оптимални услови, нивото на врнежи може да се зголеми и до 20 отсто, пренесува БТА.

За да се користи технологијата за вештачко предизвикување дожд, сепак, потребна е дозвола од Министерството за земјоделство.

Техниката со користење на сребро јодид се практикува во САД околу 70 години, а сега ќе се користи и за спречување на суша и поплави на територијата на Романија.

Церемонијата за официјална испорака на авионот се одржа на почетокот на ноември во присуство на американската амбасадорка во Букурешт, Кетлин Кавалек.

„Овој авион ќе придонесе за зголемување на врнежите, заштита од градно невреме, спасување на посевите од разорна суша во земјоделски области без пристап до наводнување и зајакнување на отпорноста на романското земјоделство на климатските промени“, рече американскиот дипломат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Бугарија и Романија ќе станат полноправни…

Бугарија и Романија ќе станат полноправни членки…

Романскиот премиер Марсел Чиолаку води во првиот…

Романскиот премиер Марсел Чиолаку и кандидатката на…

Европскиот парламент ќе побара брз прием на…

Европскиот парламент (ЕП) ќе го повика Советот…

Романците скандираа „Косово е Србија“, Косовците го…

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори дисциплинска постапка…

Романија купи авион кој може да предизвика…

Приватна романска компанија купила авион за правење…