Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот.
Романската изборна комисија во неделата му забрани на Џорџеску да се кандидира на претседателските избори во мај, што предизвика жестоки судири и туркајќи ја членката на ЕУ и НАТО, која е значаен пункт за поддршка на Украина во војната со Русија, подлабока неизвесност.
Џорџеску ја поднесе својата кандидатура до централната изборна канцеларија во петокот, додека неколку стотици поддржувачи вееја знамиња и го скандираа неговото име. Одлуката од неделата, Џорџеску ја обжали, но Уставниот суд во вторникот ја одби жалбата.
„Жалбата е едногласно одбиена“, соопштија од судот. Објаснувањето ќе биде објавено подоцна.
Пресудата повеќе не може да се обжали во Романија, што го означи крајот на метеорскиот подем на Џорџеску во ноември минатата година, кога тој неочекувано победи во првиот круг од претседателските избори. Изборите беа откажани пред да се одржи вториот круг. Во последните анкети тој има поддршка од околу 45 отсто од испитаниците, веројатно како реакција
Георге Симион, водач на крајно десничарската партија AUR, која го поддржува Џорџеску, го обвини судот за „исмејување на романскиот народ“ и „напад на нашата демократија и нашите основни права и слободи“.
Илјадници приврзаници на Џорџеску скандираа „крадци“ пред зградата на судот откако се прошири веста за одлуката на судот.
Трите излегувања на гласачките места за избор на претседател и парламент ја фрлија романската политика во хаос откако Калин Џорџеску, претходно малку познат краен десничар победи во првиот круг од претседателските избори на 24-ти ноември, а испадна фаворизираниот социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку. Во вториот круг на 8-ми декември, Џорџеску кој навестува дистанцирање од ЕУ и НАТО, требаше да се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони.
Изборите беа поништени откако државните документи покажале наводно дека Џорџеску, критичар на НАТО кој ги пофалил романските фашистички лидери од 1930-те, имал полза од „нечесната кампања“ на социјалните мрежи, „најверојатно организирана од Русија“, обвинувања што Москва ги негираше.
Членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во прв ред потпреседателот ЏејДи Венс минатиот месец на безбедносниот форум во Минхен, исклучително остро критикуваше дека поништените избори во Романија се пример за тоа како владите до Европската унија ја поништуваат волјата на гласачите, ги задушуваат своите политички противници од крајната десница и слободата на говорот.
Романските власти, жестоко критикувани за масивна корпуција поради што партиите од крајната десница на неодманешните парламентарни избори тиркратно го зголемија бројот на освоени мандати, го истражуваат Џорџеску во кривична истрага по шест точки, вклучително и за навод членство во фашистичка организација и давање лажни информации за финансирање на кампањата. Тој негираше каква било вина.
На товар му се сатава дека наводно ги пофалил романските фашистички водачи од 1930-те како патриоти и маченици и изразик восхит и за Трамп и за рускиот претседател Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…