Романија се спрема за ескалација на војната, гради бункери на границата со Украина
Романија, членка на НАТО, денеска соопшти дека почна со изградба на засолниште за воздушни напади во југоисточниот регион на границата со Украина, каде минатата недела беа откриени остатоци од дрон.
Романија одлучи да ги зголеми безбедносните мерки по руските напади врз украинските пристаништа и инфраструктурата на Дунав.
Романската армија почна да работи на изградба на две бетонски засолништа со цел „да го заштити населението“ во градот Плаур што е во близина на украинското пристаниште Измаил, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
За изградбата на засолништата е ангажиран одред од околу 50 војници, а кога ќе бидат изградени ќе бидат предадени на локалните власти.
На 9 септември романската армија пронајде фрагменти од беспилотни летала „слични на оние што ги користи руската армија“, а романскиот претседател Клаус Јоханис испрати протестна нота до Москва, осудувајќи ги „тешките нарушување на воздушниот простор што претставуваат закана за романските граѓани“ кои живеат во областа
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Марк Руте: НАТО е тука и за…
На прес конференција пред почетокот на НАТО…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…