„Роналдо е најголемото разочарување на СП во Катар“
Прославениот германски фудбалер Лотар Матеус изјави денеска дека португалскиот капитен Кристијано Роналдо е најголемото разочарување на Светското првенство во Катар.
Португалија беше елиминирана во четвртфиналето од Мароко, додека титулата ја освои Аргентина, која синоќа во епско во финалето по подобро изведување пенали ја совлада Франција.
„Роналдо беше целосна спротивност од Лионел Меси. Сè направи лошо. И за себе, и за својата репрезентација. Неверојатен фудбалер, кој непотребно урива сè што со години создаваше. Жал ми е, бидејќи не мораше да биде така“, рече Матеус.
Роналдо на Мундијалот 2022 одигра пет натпревари и постигна само еден гол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…