Објавено на:

Ројтерс: Москва заработува од иранската криза – Русија во април ќе ќари двојно повеќе од нафтениот данок отколку во март

t

Русија во април ќе забележи двојно зголемување на приходите од својот најголем поединечен данок на нафта, на 9 милијарди долари, поради нафтената и гасната криза предизвикана од американскиот и израелскиот напад врз Иран, покажаа пресметките на „Ројтерс“ објавени во четвртокот.

Пресметката на „Ројтерс“ е меѓу првите конкретни показатели за неочекуваната финансиска добивка за Русија, вториот најголем извозник на нафта во светот, од војната со Иран, која, според трговците со нафта, ја предизвика најсериозната енергетска криза во поновата историја.

Иран практично го затвори Ормускиот Теснец — маршрута низ која минува околу една петтина од светските текови на нафта и течен природен гас — по американските и израелските воздушни напади врз Иран на крајот на февруари, по што фјучерсите на Брент нагло се искачија далеку над 100 долари за барел.

Главниот приход на Русија од нејзината огромна нафтена и гасна индустрија се темели на производството. Извозната давачка за сурова нафта е укината од почетокот на 2024 година како дел од таканаречениот поширок даночен маневар, односно повеќегодишна даночна реформа во индустријата.

Според пресметките на „Ројтерс“, засновани на прелиминарни податоци за производството и цените на нафтата, рускиот данок за експлоатација на минерални суровини врз производството на нафта во април ќе порасне на 9 милијарди долари, речиси двојно повеќе од март. Тој приход е повисок за околу 10 отсто во споредба со април минатата година.

За цела 2026 година, Русија во буџетот предвидела околу 101,6 милијарди долари приход од данокот за експлоатација на минерални суровини.

Од сите страни бараат руска нафта

Просечната цена на руската сурова нафта Уралс, која се користи за оданочување, во март скокнала на 77 долари за барел, што е нејзино највисоко ниво од октомври 2023 година, според податоците на Министерството за економија.

Тоа е за 73 отсто повеќе од февруарските 44,59 долари за барел и над нивото од 59 долари што било предвидено во државниот буџет за оваа година.

Кремљ во вторникот соопшти дека има огромен број барања за руска енергија од различни страни, во услови на тешка глобална енергетска криза што ги потресува темелите на пазарите на нафта и гас.

Кризата во Иран ќе определи до кога ќе ќарува Русија

Сепак, постојат и ограничувања за оваа неочекувана добивка за Русија, а економисти во самата Русија повеќепати предупредија дека 2026 година може да биде тешка.

Руското Министерство за финансии во средата соопшти дека Русија во периодот јануари-март 2026 година забележала буџетски дефицит од 58,9 милијарди долари, или 1,9 отсто од бруто-домашниот производ.

Во меѓувреме, и украинските напади врз руската енергетска инфраструктура, со цел да се ослабат финансиите на Москва, придонеле за пониски приходи и се закануваат со намалување на производството на нафта.

Колку голема ќе биде оваа неочекувана добивка за Русија, на крајот ќе зависи од тоа колку долго ќе трае кризата во Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ројтерс: Москва заработува од иранската криза –…

Русија во април ќе забележи двојно зголемување…

Цените на нафтата паѓаат, а пазарите растат…

Цените на нафтата нагло паднаа, а акциите…

Голем пад на цените на нафтата на…

Цената на референтната сурова нафта „Брент“ падна…

Њујорк Тајмс: Извештајот за експлозиви во близина…

Пронаоѓањето експлозиви во близина на гасоводот „Турски…

Три лица загинаа во рускиот напад на…

Синоќа, Русија ја нападна Одеса со дронови…