РСЕ за грабежот во Крушево: Двапати досега е ограбена фирмата за марихуана, а од МВР и ОЈО има само предистрага и без детали за кражбата

t

Американска фирма за производство на канабис „5 Летерс “ во Крушево за една година два пати е ограбена, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ).

При последниот грабеж е украдено масло од канабис со проценета вредност на црниот пазар од околу 2 милиони евра. За овој грабеж од полицијата и обвинителството не соопштуваат детали дали има осомничени, туку само дека е отворена предистрага и земени се снимките од камерите за видео надзор. Претходно од истата фирма беа украдени 60 килограми канабис вреден околу 240.000 евра и за тројцата обвинети е донесена осудителна пресуда.

По двете кражби во една фирма се поставува прашањето како се обезбедуваат компаниите кои произведуваат канабис. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека ова не е прв случај од фабрики за медицински канабис да се краде опојна дрога.

Фирмата „ 5 Летерс “ е во стечајна постапка и во текот на кражбата не работела, односно во неа само била складирана марихуаната која е дел од стечајната маса. Претстечајната постапка е отворена во април 2021 година, два месеца по првата кражба на 60 килограми марихуана и кривичната пријава за управителот поради откриени вишоци на произведен канабис кои не биле евидентирани. При вонредната инспекција по грабежот било откриено дека ограбената „5 Летерс“ и самата го крши законот. Фирмата произведувала канабис кој не бил пријавен, што е спротивно на закон, по што и е одземена лиценцата за работа.

Магацините на фирмите кои произведуваат медицински канабис неколку пати беа мета на кражби. Според полициските билтени досега се украдени околу 4 тони канабис од висок квалитет чија вредност на црниот пазар се проценува на околку 12 милиони евра.

Целата статија на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот…

СДСМ повикува на одговорност, во врска со…

Нема докази дека малата Данка е убиена?…

И додека неофицијалните информации велат дека и…

(Видео) РУСИТЕ ГИ НАПУШТААТ ТЕНКОВИТЕ И БЕГААТ:…

Џими Раштон, аналитичар за безбедност и надворешна…

Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен…

Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја…