РСЕ: Унгарскиот закон ќе го криминализира странското финансирање на изборните кампањи
Според законодавството предложено вчера, унгарската Влада сака да го криминализира странското финансирање на изборните кампањи и да формира ново тело кое ќе ги надгледува невладините организации, пишува Радио слободна Европа (РСЕ).
Се проценува дека таканаречениот „закон за заштита на суверенитетот“ на националистичката влада на премиерот Виктор Орбан има за цел да ги субвенционира политичките ривали и критичари, пред локалните избори и изборите за Европскиот парламент следната година.
Според предлогот на новиот закон, ќе се формира Агенција за заштита на суверенитетот за „идентификување и истрага на организации кои добиваат средства од странство“ за да вршат „активности насочени кон влијание врз волјата на гласачите“.
Новата агенција нема да има овластување сама да санкционира невладини организации, но ќе може да пренесува информации до властите. Исто така ќе објави и годишен „извештај за суверенитет“ и же дава препораки.
Предложениот законски пакет ќе бара усвојување на уставни амандмани, како и измени на кривичниот законик. Секој кандидат за избори кој ќе прифати странско финансирање може да се соочи со затворска казна до три години доколку законот биде усвоен.
Откако дојде на власт во 2010 година, Орбан и неговите сојузници често ги обвинуваат политичките противници, невладините организации и медиумите дека служат на странски интереси. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…
Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…