Објавено на:

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

t

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рубио рекол дека Турција има внатрешно-политички проблеми и Вашингтон нема да ги коментира.

– Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

– Секако дека сме загрижени за овие протести и некои од медиумските извештаи, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија додаде дека претседателот Доналд Трамп имал „многу добри работни односи“ со турскиот претседател Таип Ердоган за време на неговиот прв мандат и оти Вашингтон сака да ги обнови тие односи и да соработува со Анкара за низа прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека…

(Видео) Вучиќ полуде на прашање на РТС…

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Око“…

Ќе има ли генерален штрајк?! Претседателството на…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска треба…

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците…

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав…

Авион на Владата на РС слета утрово…

Авион на Владата на Република Српска слета…