Рубио: САД остануваат во НАТО

Јасно кажавме дека остануваме во НАТО и ја поддржуваме алијансата, сакаме НАТО да биде силен и поживописен, да има повеќе капацитети, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по неговото пристигнување во седиштето на пактот во Брисел за учество на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
-САД се во НАТО и активни, како и секогаш. Хистеријата во медиумите, вклучително и во САД, е неоправдана, додаде тој, во врска со шпекулациите за можно повлекување на САД од алијансата. Богатите земји се способни да направат повеќе, инсистира Рубио на прашањето за трошоците за одбраната. „Имаме потреби и дома, но приоритет ни е одбраната и го очекуваме истото од нашите партнери“, додаде тој.
Настаните од последните години и новата војна во Европа покажуваат дека сè уште треба да имаме моќна сила како услов за одвраќање. Секоја од земјите на НАТО мора да оствари трошоци за одбрана еднакви на пет проценти од БДП, вклучувајќи ги и Соединетите држави, рече Рубио.
Тој истакна дека претседателот Трамп се залагал за зголемување на трошоците во неговиот прв мандат и дека таа порака ја задржува и сега.
-Претседателот Трамп не е против НАТО, резимира Рубио.
Според него, никој не очекува за една година да се постигне целта од пет проценти од трошењето на БДП. Мораме да можеме да ја одбраниме нашата територија од каква било закана, додаде американскиот државен секретар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: САД остануваат во НАТО
Јасно кажавме дека остануваме во НАТО и…
Француската влада: Ќе ги нападнеме американските онлајн…
Европската унија е „подготвена за трговска војна“…
Уапсен 43-годишник од Радовиш поради извршена обљуба
На 02.04.2025 во Радовиш полициски службеници од…
Зеленски го изигра Трамп? Украинскиот претседател постави…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина…
Обвинение за таткото на Васил Јованов: Му…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…