Рудникот за јаглен “Осломеј” прераснува во фотонапонска централа

t

Со грант од 1,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, АД „Електрани на Македонија“ ќе ја гради фотонапонската централа Осломеј 1, за што денес потпишаа договор Васко Стефанов, генерален директор на ЕСМ и Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Македонија. Фотонапонска електрана Осломеј 1 ќе биде со моќност од 10 мегават часови.

-Инвестицискиот грант од над 1,5 милион евра предвидено е да биде искористен за финансирање на ставките од грантот, во согласност со договорот за набавка и поставување на фотонапонска електрана Осломеј 10 МВ, склучен помеѓу АД ЕСМ – Скопје и реномираната турска компанија „Гиришим електрик“, потпишан во ноември 2019 година – рече Стефанов.

Грантот ќе обезбеди поддршка во финансирањето на трошоците, кои вклучуваат набавка на опрема, градежни работи и работи поврзани со инсталација на опремата. Стефанов, нагласи дека поддршката и соработката со институции како ЕБОР е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови.

Според Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир, Македонија е земја на сонцето. Оттука, изградбата на соларниот фотоволтаичен проект од 10 MВ на местото на поранешниот рудник за јаглен во Осломеј е природен и логичен чекор за енергетскиот премин на земјата од фосилни горива кон обновливи извори.

-Со користење на сончевата енергија за создавање чиста енергија овој проект ќе ѝ помогне на Македонија да обезбеди многубројни придобивки вклучувајќи почист воздух и поголема енергетска безбедност, независност и отпорност – изјави амбасадорот Гир.

-Ние сме заинтересирани да продолжиме да работиме со Македонија на намалување на нејзината зависност од застарената инфраструктура на јаглен – изјави директорот на ЕБОР за Република Македонија, Анди Аранитаси.

И за министерот за финансии Фатмир Бесими, потпишувањето на договорот помеѓу ЕСМ и ЕБОР за инвестициски грант од 1,5 милион евра е во насока на имплементација на зелената агенда и енергетската транзиција. Фотонапонската електрана „Осломеј 1“ во април минатата година почна да ги произведува првите количини чиста и зелена електрична енергија од сонце. Таа e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа, каде што електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени на просторот врз стариот и исцрпен рудник за јаглен.

Фотонапонската електрана „Осломеј“ предвидено е да има годишно производство од 15 до 17 гигават-часа електрична енергија, да исфрли 13.000 тони емисии на ЦО2 годишно и да ги обезбеди потребите за струја на околу 2.800 домаќинства, но истовремено се прави рекултивација и облагородување на 19 хектари површина необработливо земјиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…