РУСИТЕ ГО ЗАЗЕДОА БАХМУТ: Зеленски призна пораз, Путин му честита на „Вагнер“
Рускиот претседател Владимир Путин упати честитки за завземањето на Бахмут, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Владимир Путин им честиташе на јуришните одреди на групата „Вагнер“, како и на сите војници на вооружените сили на Русија, кои им ја дадоа потребната поддршка, за завршувањето на операцијата за заземање на Артјомовск. Сите оние кои се истакнале ќе бидат наградени со државни награди“, соопшти Кремљ.
Од друга страна како што пренесува „Известија“, украинскиот лидер го признал поразот во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден во Хирошима, каде што се одржува самитот на Г7.
На прашање дали Бахмут сè уште е под контрола на Украина, Зеленски рече:
– Мислам дека не е така. Денес Бахмут е само во нашите срца. Мора да разберете дека од Бахмут не остана ништо, уништија се – одговорил претседателот на Украина за време на самитот во Хирошима.
Иако Украина не е земја членка на Г7, на инсистирање на Зеленски тој денеска ќе учествува на седницата посветена на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…