Русите го освоија Мариопол: “Од денеска сме во рацете на окупаторите” изјави градоначалникот

t

Градоначалникот на Мариопол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.

– Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на окупаторите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.

Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариопол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина на 24 февруари.

– Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариопол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Бојченко. – И навистина е страшно, додаде тој.

Си-Ен-Ен истакнува дека не е познато дали се уште има борби во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински маринец од “Азовстал”: Наскоро ќе паднеме

Украински маринец од опколената челичарница Азовстал во…

Животот се враќа во нормала: Едно училиште…

Во Мариопол започна со работа првото училиште…

Градоначалникот на Мариопол: Насилно се депортирани повеќе…

Градоначалникот на опколениот украински град Мароупол, Вадим…

Пушилин: Платеници од САД, Романија и Канада…

Платеници од САД, Романија и Канада би…

Украина го одби ултиматумот на Русија: Војската…

Украинските сили ќе продолжат да го бранат…