Русите драстично намалиле со алкохолот, тоа им се случува само во најголеми кризи
По децении на прекумернo пиење алкохол во земјата, Русија сега бележи драстичен пад на потрошувачката на алкохолни пијалаци, која е најмала во последните речиси 30 години, пишува „Известија“.
Според руските медиуми, просечната потрошувачка паднала на 7,63 литри по жител, продолжувајќи го трендот на намалување што започна во април.
Овие ниски нивоа последен пат биле забележани пред речиси четврт век, во период на сериозна економска нестабилност, кога просечната потрошувачка изнесувала 7,6 литри во текот на две години.
Разликите меѓу регионите се особено изразени. Северен Кавказ предничи во воздржаноста, а Чеченија е на последно место со само 0,11 литри по жител. Следуваат Ингушетија (0,63 литри), Дагестан (0,89 литри), Кабардино–Балкарија (2,16 литри) и Карачаево–Черкесија (2,59 литри).
Во урбаните центри сликата е поинаква. Просечен жител на Москва во ноември конзумирал 4,76 литри алкохол, додека во Санкт Петербург просекот изнесувал 6,28 литри. Највисока годишна потрошувачка е забележана во Свердловската област (10,34 литри) и Новосибирската област (8,35 литри).
Падот на потрошувачката на алкохол претставува значајна промена во навиките и културата на населението, а ефектите врз јавното здравје и економијата ќе можат целосно да се оценат во иднина. Засега останува неизвесно дали станува збор за краткотраен тренд или долгорочна промена во руското општество, коментираат локални медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русите драстично намалиле со алкохолот, тоа им…
По децении на прекумернo пиење алкохол во…
ПЕТ МОЛОТОВИ КОKТЕЛИ ФРЛЕНИ ВРЗ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА…
Вечерва, непознати лица ја нападнаа полициската станица…
Кочанчанец удрил пешак во Струмица
Вчера во 12:00 часот во Полициската станица…
(Видео) Автомобил слета врз куќа во Србија:…
Необична сообраќајна несреќа го привлече вниманието на…
Aларм во Каталонија: Вирус „избегал“ од лабораторија?!
Шпанските власти отворија широка истрага за потеклото…