Русите загрижени и лути поради инвазијата од Украина
Веќе речиси две недели украинските сили ја заземаат и окупираат руската територија.
Прекуграничниот напад на Украина во регионот Курск е првпат по Втората светска војна, странска армија да се бори во Русија, шишува „BBC“.
Тоа е драматичен и неочекуван развој на оваа војна, речиси две и пол години откако претседателот Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина.
Кремљ вети дека ќе го „избрка непријателот“ од Русија. Претседателот Путин јавно не го употреби зборот „инвазија“ за да ја опише украинската офанзива, како да сака да го намали она што се случува и да избегне чувство на паника.
Но, како реагира рускиот народ?
Повеќето од луѓето со кои разговарал репортерот на „BBC“ изразиле загриженост за тоа што се случува на југот од земјата.
Од февруари 2022 година, руската државна телевизија известува за руските сили кои дејствуваат во Украина.
Никој овде не очекуваше пробивање на руската граница.
Постои очигледен замор. Сите зборуваат за потребата од мир. Но, во моментов не постои заеднички став за тоа како тоа може да се постигне.
Повторувајќи ги официјалните пораки на државните медиуми, некои Руси повикуваат на „мир под условите на Русија“, со други зборови, целосна капитулација на Украина.
Други изразуваат надеж дека Москва и Киев ќе седнат на преговарачка маса и ќе изнајдат начин за ставање крај на конфликтот.
Кремљ сè уште го нарекува она што неговите војници го прават во Украина „специјална воена операција“.
Се вели дека сега Русија спроведува „контратерористичка операција“ во регионот Курск.
Тоа е официјалниот став. Но, обичните Руси користат еден едноставен збор за да го опишат сето ова: „војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија во моментов не размислува за враќање…
Во моментов не размислуваме бидејќи нема доставено…
Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни…
Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДКСК свитка опашката: Нема основа за постапување…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!
Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица…