Русите масовно купуваат имоти во Турција
Двојно е зголемен бројот на имоти во Турција продадени на Руси, јавува турската телевизија НТВ.
Во првите седум месеци од годината, бројот на имоти купени во Турција од руски државјани изнесува 6877, што е зголемување за 223,4 отсто на годишно ниво, покажуваат статистичките податоци на Турскиот институт за статистика (Туркстат).
Во текот на тој период, имаше сериозен пораст на продажбата на недвижности во Турција на странци воопшто. Регистрираниот раст е 57,4 отсто на годишно ниво, а бројот на продадени имоти е 39 322.
Во периодот јануари-јули најмногу живеалишта се продадени во Истанбул – 16 049, а по неа е Анталија – 11 257. Сепак, Анталија е на врвот на листата за јули, со вкупно 1421 продадени имоти.
Русите најмногу инвестирале во имот во Турција, купувајќи вкупно 6877 домови. По нив следат Иранците кои купиле 5315 домови и Ирачаните – 4405 живеалишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…